3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Goldman Sachs“ изненадува со поголем профит на посилното инвестициско банкарство

„Goldman Sachs“ изненадува со поголем профит на посилното инвестициско банкарство

Профитот на „Goldman Sachs“ во третиот квартал се намали помалку од очекуваното, бидејќи новото закрепнување во склучувањето зделки го компензира отпишувањето од 864 милиони долари поврзано со финтехничкиот бизнис „GreenSky“ и инвестициите во недвижности.

Нето добивката на гигантот падна за 33% на 2,06 милијарди долари или 5,47 долари по акција, објави во вторникот. Аналитичарите во просек очекуваа заработка од 5,31 долари по акција, покажаа податоците на „LSEG“.

Акциите на банката паднаа за 1,3% по почетокот на редовното тргување.

„Исто така, очекувам континуирано закрепнување и на пазарите на капитал и на стратешката активност доколку условите останат поволни“, рече извршниот директор Дејвид Соломон во изјавата.

„Goldman Sachs“ беше преземач на иницијални јавни понуди (IPOs) од висок профил во септември, вклучувајќи го и дизајнерот на чипови „Arm Holdings“ и апликацијата за испорака на храна „Instacart“.

Провизиите за инвестициско банкарство на „Goldman“ од 1,55 милијарди долари беа главно непроменети во однос на минатата година, бидејќи се опорави активноста за преземање долгови и зајакна пазарот на ИПО.

Несреќното искуство на „Goldman Sachs“ во потрошувачкото банкарство, кое загуби 3 милијарди долари за три години, продолжува да тежи.

Банката отпиша 506 милијарди долари за „GreenSky“, кој обезбедува потрошувачки заеми за подобрување на домот и беше продаден на конзорциум инвестициски фирми предводени од „Sixth Street Partners“.

Единицата беше купена за 1,7 милијарди долари минатата година, иако беше проценета на 2,2 милијарди долари кога за прв пат беше објавен договорот во 2021-ва година. „Goldman“ отпиша 504 милиони долари на „GreenSky“ во вториот квартал.

Инвестициските имоти, исто така, го намалија профитот, при што банката отпиша 358 милиони долари, што е намалување од 485 милиони долари во вториот квартал.

Тоа влијаеше на приходите на секторот за управување со богатство и средства, кои се намалија за 20 отсто на 3,23 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП