4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСИТЕ ОЧИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН ПЕКИНГ: Светските лидери се собираат, пристигна и...

СИТЕ ОЧИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН ПЕКИНГ: Светските лидери се собираат, пристигна и Путин!

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг на Самитот „Појас и пат“, што е негово прво големо патување во странство по избувнувањето на конфликтот со Украина.

Овој самит, организиран од кинескиот претседател Си Џинпинг, собира бројни светски лидери, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Иницијативата „Појас и пат“ е развојна стратегија предложена од кинескиот претседател Си Џинпинг. Се фокусира на поврзаноста и соработката меѓу Народна Република Кина и остатокот од Евроазија. Во текот на изминатите 10 години, оваа иницијатива резултираше со повеќе од 3.000 заеднички проекти, што доведе до повеќе од трилион долари инвестиции. До крајот на јуни 2023 година, Кина потпиша повеќе од 200 документи за соработка во рамките на оваа иницијатива со повеќе од 150 земји и повеќе од 30 меѓународни организации.

На самитот „Појас и пат“ во Пекинг учествуваат бројни светски лидери: рускиот претседател Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан, египетскиот премиер Мостафа Мадбули, премиерот на Етиопија Аби Ахмед, претседателот на Шри Ланка Ранил Викремесинге, Претседателот на Лаос, Тонглун Сисулит.

Овој самит е можност лидерите да разговараат за сите аспекти на билатералните односи. Домаќин на овој самит е кинескиот претседател Си Џинпинг. Самитот се одржува во сенка на војната меѓу Израел и Газа.

Иницијативата „Појас и пат“ е глобална стратегија за инфраструктура и развој предложена од кинескиот претседател Си Џинпинг. Целта на оваа иницијатива е поврзување на Азија, Африка и Европа преку мрежа на копнени и поморски трговски патишта.

Иницијативата има за цел да се справи со проблемите како што се хиперпродукцијата и зголемените трошоци за работна сила во брзорастечката економија. Во текот на десет години, „Појас и пат“ го прошири својот акцент од инфраструктура до дигитална технологија, безбедност и одржлив развој.

Кина инвестираше во повеќе од 3.000 проекти во рамките на Иницијативата, според официјалните податоци. Целосната имплементација на иницијативата „Појас и пат“ се очекува да ја зголеми трговијата меѓу земјите што учествуваат во изградбата за 4,1 отсто до 2030 година.

Откако ја презеде власта во 2012 година, претседателот Си Џинпинг ја промовираше иницијативата „Појас и пат“ за проширување на пазарите за кинески стоки и зајакнување на глобалното влијание на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП