30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигна Samsung Galaxy Round

Пристигна Samsung Galaxy Round

round

Јужнокорејскиот електронски гигант „Samsung“ го пушти во продажба паметниот телефон со заоблен екран.

Новиот модел „Samsung Galaxy“ нема да има класична структура на телефон, затоа што ќе биде заоблен, а во тоа е вклучен и екранот.

„Galaxy Round“ доаѓа со „full HD“ екран од 5.7 инчи кој прикажува слика до 1080 пиксели и кој работи на „Аndroid“ верзијата „4.3“, а ги имаа опциите како поделениот екран и ракувањето со една рака, како кај новиот „Samsung Note 3“.

round1

Една од опциите која веднаш може да се забележи е таканаречениот „roll“ ефект, со кој може лесно и брзо да се проверат основните информации, како колку е часот и дали имате нова порака.

Во истовреме корисниците можат да ги менуваат песните на телефонот, иако екранот е исклучен, така што ќе го тркалаат на посакуваната страна.

„Galaxy Round“ на почетокот ќе се продава во Јужна Кореа, а од „Samsung“ не ги објавија плановите кога овој телефон ќе биде претставен на глобалниот пазар.

 

Основни карактеристики:

Kамера: 13-мегапиксели со автофокус и блиц.

Видео: Снимање во „HD“ технологија на 1080 мегапиксели.

Процесор: 2.3 GHZ MSM 8974 процесор со четири јадра.

Меморија: 32GB интегрирана меморија + 3GB RAM меморија.

Батерија: 2,800 mAh

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП