27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг излезе со проценка: Нафтата може да скокне до 150 долари

Блумберг излезе со проценка: Нафтата може да скокне до 150 долари

Блумберг објави оваа недела дека доколку Иран се вклучи во израелско-палестинскиот конфликт, глобалната економија ќе западне во рецесија со скок на цената на нафтата.

Според Bloomberg Economics, аналитичарите го разгледуваат влијанието врз глобалниот раст и инфлацијата врз основа на три потенцијални сценарија:

-со непријателства во голема мера ограничени на Израел и на палестинските територии

-со ширењето на конфликтот во Либан и Сирија

-со директна конфронтација меѓу Израел и Иран

Иако сите три сценарија веројатно ќе предизвикаат повисоки цени на нафтата, повисока инфлација и побавен глобален економски раст, сеопфатна војна меѓу Иран и Израел би направила најголема штета, велат аналитичарите.

„Колку повеќе се шири конфликтот, толку повеќе неговото влијание станува глобално, а не регионално… Конфликтот на Блискиот Исток може да го потресе светот, бидејќи тој регион е клучен снабдувач на енергија и клучен транспортен портал“, пишуваат аналитичарите.

Во тој случај, цената на нафтата би можела да скокне до 150 долари за барел. Глобалната инфлација најверојатно ќе се зголеми на 6,7%, во споредба со тековната прогноза на ММФ за 2024 година од 5,8%.

Глобалниот раст, исто така, најверојатно ќе се намали за 1% од сегашните проекции за следната година, на 1,7%, што би било најлошото од 1982 година.

Во монетарна смисла, тоа би ја чинело глобалната економија приближно 1 трилион долари.

Аналитичарите тврдат дека – со комбинација на сите овие фактори – ефектите би се почувствувале брзо, бидејќи многу земји се уште се борат со инфлацијата предизвикана од западните санкции против Русија. Имено, тие земји ја преориентираа глобалната трговија, вклучително и тековите на нафта и гас.

„Друга војна во регионот што произведува енергија би можела да ја турне глобалната економија во рецесија“, сепак посочува Блумберг, истакнувајќи дека директен конфликт меѓу Иран и Израел останува „малку веројатно сценарио“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП