2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоздрав од иднината: „Nissan Hyper Adventure“ (ФОТО/ВИДЕО)

Поздрав од иднината: „Nissan Hyper Adventure“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Nissan“ го претстави новиот концепт „Hyper Adventure“, втор во серијата напредни „EV“ концепти што ги подготви за претстојниот саем во Јапонија.

Според компанијата, станува збор за концепт на спортски теренец кој би бил „дизајниран за оние кои страсно се впуштаат во нови авантури и сакаат да живеат еколошки свесни“. Дизајниран е да биде сигурен преку груб терен и соодветно го има системот за контрола на сите тркала „e-4ORCE“.

Надворешноста се карактеризира со динамични панели, како и препознатлива дијагонална линија која ја нагласува пространата кабина во внатрешноста. Со пренасочување на воздухот низ предниот спојлер, вториот по ред „Hyper“ концепт на „Nissan“, по „Hyper Urban“ за кој веќе пишувавме, постигнува високи аеродинамични перформанси.

Се предвидува дека аеродинамиката дополнително ќе се подобри со стаклото што го покрива покривот, прозорците и задниот дел.

Таблата со инструменти се поврзува со долниот дел од шофершајбната, а со тоа служи како широк екран, со што телото го прави „проѕирно“ за подобро поврзување на патниците со околината.

Надворешноста се карактеризира со динамични панели, како и препознатлива дијагонална линија која ја нагласува пространата кабина во внатрешноста. Со пренасочување на воздухот низ предниот спојлер, овој автомобил постигнува високи аеродинамични перформанси.

Се предвидува дека аеродинамиката дополнително ќе се подобри со стаклото што го покрива покривот, прозорците и задниот дел.

Таблата со инструменти се поврзува со долниот дел од шофершајбната, а со тоа служи како широк екран, со што телото го прави „проѕирно“ за подобро поврзување на патниците со околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП