3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвој телефон најбрзо се распродаде во милион примероци

Овој телефон најбрзо се распродаде во милион примероци

Според тврдењата на производителот, нивниот телефон годинава најбрзо ја достигнал ознаката „милион“.

„Xiaomi“ секоја година претставува голем број уреди од серијата „Redmi Note“, а како што тврдат, оваа година „Redmi Note 12 5G“ собори рекорд. Како што е соопштено, глобалната продажба на серијата „Note“ надмина 338 милиони единици, иако тоа не е толку импресивно кога ќе ги земеме предвид претходните бројки.

Така, на пример, последниот извештај откри дека продаде околу 20 милиони примероци за четири месеци, а сега продаде 18 милиони примероци за повеќе од пет месеци. Сепак, еден модел забележа импресивна продажба.

Според „Xiaomi“, „Redmi Note 12 5G“ е телефонот што продаде милион единици за најкратко време во 2023-та година. Ова се однесува на периодот од првиот до седмиот месец годинава.

За потсетување, „Redmi Note 12 5G“ е опремен со 6,67-инчен AMOLED екран со Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz, а максималната осветленост е 1200 nits. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 3 заштита. На задната страна, овој паметен телефон има три сензори за камера во комбинација – 48 MP (главен сензор) + 8 MP (ултра широк сензор) + 2 MP (макро сензор).

Под капакот на телефонот се наоѓа батерија со капацитет од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 33W.

„Redmi Note 12 5G“ се напојува со чип Qualcomm Snapdragon 4 Gen 1, кој е поврзан со до 8 GB RAM и до 256 GB простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП