7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft може конечно да го преземе Activision Blizzard

Microsoft може конечно да го преземе Activision Blizzard

Британскиот регулатор за конкуренција и одобри на американската компанија Microsoft да ја купи за 75 милијарди долари компанијата за видео игри Activision Blizzard, што сигнализира скорешно завршување на договорот по 21-месечна правна битка.

Управата за конкуренција и пазари (CMA) во петокот одобри ревидиран договор со кој се бара од Microsoft да ги лиценцира правата за стриминг облак надвор од ЕУ за постоечкиот и идниот каталог на Activision Blizzard, вклучувајќи го и Call of Duty на француската фирма Ubisoft, пишува Financial Times.

„Испративме јасна порака до Microsoft дека договорот ќе биде блокиран доколку сеопфатно не ги решат нашите грижи и не се согласат да го сторат тоа“, рече извршната директорка на CMA, Сара Кардел. Таа истакна дека со продажбата на правата на Activisoon на Ubisoft, било обезбедено дека Microsoft нема контрола врз пазарот.

Договорот со Ubisoft го принудува Microsoft да се откаже од контролата на блокбастерските франшизи на Activision Blizzard на пазарот на облак игри и ги спречува тие да станат ексклузивни. Мајкрософт поднесе ревидиран договор со британското CMA во август според кој правата на Activision во облакот ќе бидат продадени на Ubisoft пред да се затвори договорот за преземање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП