25 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Кумот на вештачката интелигенција“: Еден ден AI ќе манипулира со луѓето

„Кумот на вештачката интелигенција“: Еден ден AI ќе манипулира со луѓето

Џефри Хинтон, познат како „кум на вештачката интелигенција“, зборуваше за ризиците кои се закануваат на непредвидениот развој на оваа технологија.

Хинтон ја доби престижната награда Туринг за напредок во вештачката интелигенција и за „60 минути“ изјави дека верува дека вештачката интелигенција еден ден би можела да има моќ да ги надмудри и манипулира луѓето.

„Мислам дека одиме кон времиња каде што, за прв пат, може да видиме нешто што е поинтелигентно од нас“, истакна Хинтон.

Сè што сега недостасува на вештачката интелигенција, додаде тој, е свеста дека може да манипулира со луѓето.

„Тие ќе можат да манипулираат со луѓето, ќе бидат многу добри во нешто да ги убедат, бидејќи ќе црпат знаење од сите книги што некогаш биле напишани“, рече тој.

Хинтон го спореди начинот на кој работи вештачката интелигенција со невронската мрежа на човечкиот мозок. Системите за вештачка интелигенција веќе се подобри во учењето од луѓето, и покрај тоа што најголемите чет-ботови имаат трилиони нити во нивната мрежа во споредба со 100 трилиони во човечкиот мозок, тврди Хинтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП