3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА: Мистеријата за астероидот Бену станува се поголема, примероците од вселената се...

НАСА: Мистеријата за астероидот Бену станува се поголема, примероците од вселената се полни со јаглерод и вода

Првичната студија на примероци стари 4,5 милијарди години од астероидот Бену, собрани во вселената со сондата Озирис-Рекс, покажа висока содржина на јаглерод и вода, што заедно може да биде показател дека оваа карпа содржи градежен материјал кој е основа на животот на Земјата, објави американската агенција НАСА.

Ова е прелиминарна проценка на научниците кои учествуваат во истражувањето на материјалот донесен на Земјата со леталото Озирис-Рекс по мисија од 7 години и поминати 6,21 милијарди километри.

-Примероците што ги врати Озирис-Рекс се најбогатите со јаглерод примероци од астероиди собрани некогаш и ќе им помогнат на научниците да го истражат потеклото на животот на нашата планета за многу генерации што доаѓаат. Речиси сè што правиме во НАСА е обид да одговориме на прашања за тоа кои сме и од каде дојдовме. Мисиите како Озирис-Рекс го подобруваат нашето разбирање за астероидите кои можат да претставуваат закана за Земјата, а исто така ни даваат увид на она што се наоѓа далеку. Примерокот стигна до Земјата, но се уште не чекаат научни тестови и научни испитувања кои досега не се видени – изјави Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Иако е потребна многу работа за да се разбере природата на пронајдените јаглеродни соединенија, првичното откритие е важно за идните анализи. Тајните во карпите и прашината од астероидите ќе се испитуваат со децении и ќе обезбедат увид во формирањето на Сончевиот систем, како материјалите неопходни за живот стигнале до Земјата и какви мерки треба да преземеме за да избегнеме удар на астероид на нашата планета , изјави НАСА.

Целта на мисијата била да се соберат 60 грама материјал од астероидот, но се верува дека е повеќе. Кога била отворена сондата за материјал, на неа бил откриен дополнителен материјал.

-Нашата лабораторија е подготвена за се што ни подготви Бену. Имаме научници и инженери кои со години работеа на развој на специјални ракавици и алатки за зачувување на материјалот од астероидот и за зачувување за да може да се проучува со децении во иднината – изјави Ванеса Виши, директорка на вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Во текот на првите две недели, научниците направија само кратки анализи на првичниот материјал, фотографираа и го скенираа на различни начини. Со помош на рендген и компјутерска томографија, создаден е 3Д модел на една од честичките, покажувајќи ја нејзината неверојатна внатрешност. Раните истражувања покажаа дека има докази за јаглерод и вода во примерокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП