Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, велат од владата.
Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни.
