28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2028-та, светскиот долг ќе се изедначи со глобалната економија

Во 2028-та, светскиот долг ќе се изедначи со глобалната економија

Глобалниот сооднос на долгот и БДП-то ќе се зголеми на 100% од светската економија во 2028-ма година.

Ова го изјави директорот на одделот за фискални прашања во Меѓународниот монетарен фонд, Витор Гашпар.

Тој го претстави извештајот за октомврискиот фискален монитор за време на Годишниот состанок на Светската банка и ММФ што се одржа во мароканскиот град Маракеш.

Во проценката се наведува и дека дотогаш се очекува соодносот да расте за 1 процентен поен годишно. Половина од тој раст, или околу 0,5 отсто, се очекува да дојде од зголемениот државен долг во САД и Кина, додаде Гашпар.

Според директорот на одделот за фискални прашања на ММФ, Кина има повеќе простор да дејствува за да го спречи овој пораст.

Сепак, најголемата азиска економија треба да се фокусира на решавање на проблемите со економскиот раст и да инвестира во иновации наместо во недвижен имот.

Дополнително, земјата треба да ја реформира економијата и да премине од извоз и инвестиции кон домашна потрошувачка.

На прашањето дали е време земјите од еврозоната да се вратат на рестриктивните фискални политики (познати и како штедење, забелешка на авторот), Гашпар посочи дека е неопходно продолжување на нормалниот пристап кон финансиите по серијата фискални стимулации и помош поради пандемијата.

Во таа насока, Европската комисија веќе предложи методологија која треба да ја усвојат земјите-членки на еврозоната со цел да се обезбеди поголема контрола врз нивото на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП