7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦигарите поскапуваат за нови 5 денари – пушачите креваат паника

Цигарите поскапуваат за нови 5 денари – пушачите креваат паника

Од петок, 13 октомври, една кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо, предвидуваат дополнувањата на Законот за акцизите.

Ова значи дека ако една кутија чинела 140 денари, отсега ќе се продава за 145 денари. Ова поскапување е дел од мерките за намалување на потрошувачката на тутунски производи и заштита на здравјето на граѓаните.

Но, многу пушачи се незадоволни од оваа одлука и велат дека веќе не е исплатливо да се пуши цигари.

Некои од нив се обидуваат да најдат алтернативни начини за задоволување на својата зависност.

„Јас сум пушач од 20 години и не можам да се откажам од цигарите. Дневно пушам и по две кутии цигари, а една кутија чини 140 денари. Но, со ова поскапување, ќе морам да потрошам повеќе пари за да ги задоволам своите потреби. Дневно би трошел скоро 5 евра само за цигари. Тоа е премногу. Затоа, решив да ги заменам цигарите со тутун кој го купувам на пазар. Така ќе заштедам пари и ќе имам слично задоволство”, вели 49-годишната Сузана Јанакиевска од Скопје.

Други пушачи, пак, сметаат дека токму поскапувањето е добра можност да се откажат од лошата навика и да го подобрат својот квалитет на живот.

„Пушач сум веќе 10 години и секогаш сум сакал да престанам. Но, никогаш немав доволно мотивација. Сега, со ова поскапување, мислам дека е време да го направам тоа. Цигарите не само што ми штетат на здравјето, туку и ми го празнат паричникот. Сега ќе можам да заштедам пари и да ги потрошам за нешто корисно и забавно”, вели Светлана Гогевска од Битола.

Владината одлука за поскапувањето на цигарите беше донесена на 5 октомври годинава и веќе се објавени измените и дополнувањата на Законот за акцизи.

Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.”

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП