6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата решава дали месото од ирвас ќе има исто ДДВ како чајот...

Владата решава дали месото од ирвас ќе има исто ДДВ како чајот и бебешката храна!?

Денеска на владина седница централната власт ќе се обиде да го спречи хаосот кој од ден на ден е се поголем во трговијата на мало, а особено во маркетите каде граѓаните секодневно пазарат.

Освен збунетоста на потрошувачите во големи маки се ставени и трговците кои освен што имаат обврска да ги обележат производите кои се со гарантирана цена, сега треба да пресметуваат и зголем данок на додадена вредност за други стотина артикли. Има и дел од производите кои влегуваат во двете групи. За да се овозможи лесно функционирање на пазарот надлежните денеска ќе се обидат да донесат решние кое ќе биде прифатливо за сите. Даночните експерти веќе сугерираа дека мора да се упрости постапката, а опозицијата повторно обвинува за нефункционалност на институциите поради како што велат лошите политики на власта.

По речиси еден месец како граѓаните имаат можност да купуваат прехранбени производи кои се за 10 отсто пониски, а истите се обележани со терминот „гарантирана цена“, од пред два дена не само граѓаните туку и трговците се со нова мака, а тоа е законската одлука за зголемување на ДДВто на неколку стотина артикли кои граѓаните редовно ги купувале. Денеска на владина седница, според информациите ќе треба да се поедностави списокот на производи, односно оние производи кои се со намалена цена за 10 отсто да не влегуваат во категоријата луксизни производи кои се со зголемено ДДВ од пет на десет отсто.

„Гарантираме на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа ќе биде ревидирано. Основните прехранбени производи опфатени со одлуката за „гарантирана цена“ ќе бидат само намалени, не може да се случи да бидат зголемени. Нема опција тие да бидат поскапени“, велат од Владата.


Даночните експерти веќе посочија дека во Македонија оваа мерка се направи многу посложена од тоа што го сторија нашите соседи. Ова не е нешто ново во регионот, но за да се примени по моменталните правила е доста комплицирано, изјави Павле Гацов еден од најискусните познавачи на проблематиката со даночната политика во земјава.

„Ова е работа за експерти, за граѓаните и за оние кои што работат во маркети ќе биде сложено за примена. Очигледно, дека се утнаа некои работи и очекувам многу брзо да се случат промени во одлуката“, изјави Павле Гацов.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ не ја пропуштија можноста повторно да ја критикуваат власта. Нивниот став е дека во Македонија се намалува висината на реалната плата, а има зголемување на трошоцита на живот.

„Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%. Со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат. На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Промената на одлуката за одредени производи за кои владата одлучи да бидат со зголемено ддв доаѓа по жестоките реакции во јавноста. Граѓаните се уште не се информирани по кој критериум над 300 производи помеѓу кои има и артикли кои секојдневно граѓаните ги купувале за власта станаа луксузна стока и добија зголемен ддв.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП