21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТоплото лето ги „попари“ приходите на „Levi Strauss“

Топлото лето ги „попари“ приходите на „Levi Strauss“

Извршниот директор на „Levi Strauss“, Чип Берг, објави дека историски жешкото лето влијаело на податоците за големопродажбата на тексас на неговата компанија, пишува „CNBC“.

Во 2023-та година беше регистрирано најжешкото лето досега, а Берг тврди дека клиентите на големо на „Levi’s“ имаат мал асортиман на производи на брендот, па затоа не можеле правилно да се прилагодат на временските промени.

„Тие имаат тенденција да продаваат претежно сини фармерки, а тешко е да се продаде еден пар сини „Levi’s“ кога надвор е 43 степени. Мислам дека тоа донекаде придонесе за слабите перформанси што ги видовме на големо“, коментира Берг.

Тој додаде дека бизнисот директно до потрошувачите на „Levi’s“ се покажал многу подобро овој квартал и дека сопствените продавници на компанијата можеле да лансираат повеќе производи соодветни на временските услови, како што се шорцеви и фустани.

Во својот финансиски извештај објавен во понеделникот, „Levi’s“ откри дека ја намалува прогнозата за профитот за крајот на годината, по остриот пад на приходите во малопродажбата. Компанијата сè уште гледа зрак светлина во продажбата директно до потрошувачите.

Берг рече дека „Levi’s“ е „внимателен оптимист“ за сезоната на годишни одмори, но нагласи дека сложената економска макро средина влијае на бизнисот. Според него, луѓето со помали примања не извршиле толку многу набавки на производите на „Levi’s“.

„Потрошувачот со среден и умерен приход прави сложени буџетски избори во моментов, а тоа негативно влијае на пазарот на облека и тексас во моментов. Имаме многу силни страни на кои се потпираме, само треба да го поминеме овој економски период и да работиме со нашите партнери во големопродажба за овој бизнис повторно да расте“, посочува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП