30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗлатниот HTC One вреден 4.400 долари

Златниот HTC One вреден 4.400 долари

gold htc

На пазарот досега можеше да се купи паметен телефон „iPhone 5S“ или „Samsung Galaxy S4“ во златна боја, но британското одделение на „HTC“ објави дека ќе го пушти во продажба смартфонот „HTC One“, направен од вистинско злато.

Златниот „HTC One“ ќе биде во лимитирана верзија , а од овој телефон ќе бидат произведени само пет парчиња. Неговата цена ќе изнесува 2.750 фунти ( 4.416 долари ).

Што се однесува до карактеристиките на телефонот, тие се истите како и на обичниот „HTC One“.

Единствената разлика е во тоа дека куќиштето му е обложено со 18-каратно злато. Телефонот кој е создаден во партнерство со „Goldgenie“, има специјално лого „MOBO 18“ со кое се одбележа 18-годишнината на наградите „MOBO“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП