2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА сака лунарна станица на Месечината до 2040 година

НАСА сака лунарна станица на Месечината до 2040 година

Програмата Artemis, започната од НАСА, има задача да ги врати луѓето на Месечината по повеќе од половина век. Ако се оди според планот, тоа ќе се случи во 2025 година. За разлика од минатиот пат, НАСА планира да остане на сателитот на Земјата, што значи изградба на лунарна станица и долгорочни операции на површината на Месечината. Затоа, неодамна беа објавени плановите за лунарни домови, а беше потпишано и партнерство со компанијата Icon, која ќе ги проектира и гради.

Планот се вика Project Olympus, а првите згради на Месечината се очекува да бидат изградени до 2040 година. Icon работи напорно на технологија која (можеби) ќе овозможи 3D печатење на овие објекти. На Месечината ќе се прават делови од згради, а се верува дека нивното производство со помош на технологија за 3D печатење ќе биде побрзо и поекономично отколку со користење на традиционални методи на градба.

НАСА планира прво да донесе 3Д принтери од големи размери на Месечината, кои ќе користат достапни материјали од Месечината за изградба. Icon 3D принтерите за изградба веќе се докажаа на нашата планета, а компанијата треба да најде начин да ги заштити од радијација и како да функционира на екстремни температури. На почетокот на следната година, НАСА ќе постави 3D печатач Icon во посебна комора за тестирање во Центарот за вселенски летови Маршал, која ќе симулира услови на Месечината.

Icon верува дека ќе може да ја користи лунарната почва како материјал за 3Д печатач. Но, засега не се знае како тој материјал ќе се однесува во долгорочни услови на експлоатација. Месечевата прашина е исклучително абразивна, па постои загриженост дека може да го оштети 3D печатачот за време на процесот на печатење. Ова е и причината зошто истражувањето започна толку рано – ако се покаже дека не е можно да се користи лунарната почва, ќе има доволно време да се најде алтернатива.

Секако, пред да започне изградбата на првата структура на Месечината, НАСА ќе изврши низа тестови, но тоа ќе биде по завршувањето на програмата Артемис. Засега беше лансиран Артемис I, кој беше лет без екипаж и прв тест на системот за лансирање. Артемис II ќе има човечки екипаж, а неговиот лет се очекува во текот на следната година, а Артемис III треба повторно да ги однесе луѓето на Месечината. После тоа, НАСА планира да изгради рампа за слетување на Месечината, каде што би била донесена опремата (вклучувајќи ги гореспоменатите 3Д печатачи), која најверојатно ќе ја носат на Месечината ракетите на SpaceX Starship. Сето ова ќе биде подготовка за почеток на изградба на домови и лаборатории на Месечината и почеток на долгорочен престој на луѓе на неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП