4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААСОМ до пратениците и Владата: Масовни протести ако дозволите 10.000 луѓе да...

АСОМ до пратениците и Владата: Масовни протести ако дозволите 10.000 луѓе да останат без работа

Со повторното актуализирање на Законот за игри на среќа и негово протнување со европско знаменце пред пратениците, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), денес пред Собранието одржаа предупредувачки собир, за кој како што велат е „показна вежба“ за тоа што ќе се случува доколку се продолжи насила и без консултации да се носи овој закон.

Во своите пораки упатени пред присутните медиуми, Претседателот на АСОМ Васко Илијевски и претставникот од АПИС Горан Стоименов, истакнаа дека нема да стојат мирно и да гледаат како државата го носи најдеструктивниот закон во историјата.

Тие посочија дека новиот предлог закон за игри на среќа ќе предизвика затворање на една легална индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија и криминалот, оставајќи на улица повеќе од 10.000 вработени.

„Овој закон не е ништо друго освен директна интервенција на државата со која повеќе од 10.000 директно вработени и 45.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Секој еден од овие луѓе кои ни се придружија денес директно ќе бидат погодени со губење на работното место ако се донесе овој неевропски, неуставен и монополски закон“, рече Илијевски.

Инаку денеска, пред Собранието на РСМ Илијевски и Стоименов беа во придружба на дел своите вработени, испраќајќи порака до пратениците од Комисијата за европски прашања да го отфрлат предлог Законот за игри на среќа затоа што од нив зависи судбината на овие луѓе и нивните работни места.

Илијевски потсети дека се работи за реални, обични луѓе, со реални трошоци, луѓе кои плаќаат кредити, а дел од и мајки кои ја планираат иднината на своите деца.

„Сите тие се луѓе кои ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза. Како што може да видите сите ние овде собрани сме обични луѓе кои како и сите вас, не сакаат да живеат во страв и тензија што ќе донесе утре, луѓе кои сакаат да останат на своите работни места, каде заработуваат за своите семејства“, потенцираше Претседателот на АСОМ Васко Илијевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП