10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG: Пристигнуваат флексибилни екрани и батерии

LG: Пристигнуваат флексибилни екрани и батерии

Germany Gadget Show LG Electronics

Компанијата „LG“ потврди дека започнала со производство на флексибилни 6 инчни памелни за кои тврдат дека се првите флексибилни „OLED“ екрани за паметните телефони.

Екранот е направен од пластична подлога која му дава еластично својство и што дозволува негово поставување на заоблениот дизајн внатре во уредот.

Некои извори тврдат дека ваквиот екран би можел да се најде на моделот „G Flex“ кој би требало да биде претставен во ноември 2013-та година, меѓутоа, самата компанија тврди дека овој екран ќе се најде во новите производи со подобри перформанси и различен дизајн, но следната година.

По овие информации се јави и „LG Chemical“ кој објави дека започнале со производство на флексибилни батерии кои ќе ја напојуваат следната генерација на „LG“ смартфонот.

Користејќи посебна технологија, компанијата тврди дека батериите ќе може да се користат во паметните телефони, часовници и очила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП