2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИранскa активистка добитник на Нобеловата награда за мир, наградата ја дочека во...

Иранскa активистка добитник на Нобеловата награда за мир, наградата ја дочека во затвор

Нобеловата награда за мир за 2023 година е доделена на Наргес Мохамади, иранска активистка за човекови права која е во затвор.

При доделувањето на наградата, Нобеловиот комитет рече дека таа „претрпела огромна лична цена за нејзината храбра борба“.

„Вкупно, режимот ја апсеше 13 пати, ја осудуваше пет пати и ја осуди на вкупно 31 година затвор“, рече Берит Реис-Андерсен, шеф на норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

„Додека го кажувам ова, Наргес Мохамади се уште е во затвор“, додава таа.

Наргес Мохамади е иранска активистка и заменик-шеф на Центарот за бранители на човекови права, кој беше основан од колешката нобеловка Ширин Ебади.

Мохамади е осудена на неколку затворски казни од 2011 година и моментално се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран поради „ширење пропаганда“.

Оваа година таа беше вклучена во листата на Би-Би-Си од 100 инспиративни и влијателни жени од целиот свет.

Одлуката на Нобеловиот комитет уследи по повеќе од една година протести во земјата предводени од жени.

Протестите започнаа во септември 2022 година, откако 22-годишната Махса Амини почина во притвор, зошто не ја покриваше правилно главата со марама – хиџаб.

Активистите за човекови права ги обвинија иранските власти за нејзината смрт, што Техеран го негираше.

Немирите брзо се проширија низ целата земја, со барања кои се движат од повеќе слободи до соборување на државата.

Сликите на Иранки кои пркосно ги палат своите шамии и извикуваат „Жени, живот, слобода“ го зафатија светот.

Властите брутално ги задушија протестите и тие во голема мера згаснаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП