1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцепт од иднината: „Nissan Hyper Urban“ (ФОТО/ВИДЕО)

Концепт од иднината: „Nissan Hyper Urban“ (ФОТО/ВИДЕО)

Првиот од четирите нови концепти кои „Nissan“ ќе ги претстави во Токио е „Hyper Urban“.

Тоа е предводник на линијата „Urban“, наречена така затоа што, како што вели „Nissan“, „сакаат да ја зголемат возбудата што овие автомобили ја носат кај возачите“.

Секој од новите концепти ќе биде претставен со своја симболика и ќе има „прилагодени карактеристики кои додаваат вредност на уникатните животни стилови и различните аспирации“.

Впечатливиот „Hyper Urban“ е дизајниран со голем број чудни карактеристики кои се „храбри додека ефикасно се вклопуваат во околината“, објаснува јапонската компанија.

Телото е обоено во посебна хроматска нијанса на жолта, а бојата се менува во зависност од аголот на светлината што паѓа врз неа.

Самиот дизајн е дизајниран да обезбеди оптимална аеродинамична ефикасност, а широките гуми, велат од „Nissan“, треба да го „комплетираат спортскиот изглед“.

Внатрешноста е инспирирана од калеидоскопски триаголници и има приспособлива контролна табла и инфозабавен дисплеј. Има и предни седишта кои се склопуваат и на тој начин создаваат впечаток на седење на „софа“.

„Nissan“ неодамна соопшти дека во наредните години ќе престане да продава автомобили кои не се 100% електрични во Европа и во согласност со ветувањето, ќе воведе 19 нови електрични возила во следните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП