Политичките лидери треба да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарски прашања.
Прашана како САД го коментираат законот, амбасадорката рече дека нацрт-законот е во парламентот и тоа е она што засега го знаат. Најважно за Амбасадата на САД, вели Агелер, е процесот да помине транспарентно и правно, а граѓаните да знаат што се случува и зошто се носи таков закон, односно избраните лидери да ја објаснат улогата на законот.

