2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНетфликс планира да ја зголеми цената на претплатата по штрајкот на актерите

Нетфликс планира да ја зголеми цената на претплатата по штрајкот на актерите

Нетфликс планира да ги зголеми цените на претплатите за своите услуги без реклами, прво во САД и Канада, а потоа и во остатокот од светот, дознава Волстрит журнал. Не се знае колку ќе се зголеми цената на претплатата.

Во текот на изминатата година, цената на услугите за стриминг се зголеми во просек за 25 отсто, бидејќи компаниите за забава се обидуваат да ги направат профитабилни. Ова доведе повеќе штедливи корисници да се префрлат на поевтини пакети, кои обично вклучуваат прикажување реклами додека гледаат серии и филмови.

Нетфликс беше единствениот што не ги зголеми цените во текот на изминатата година и наместо тоа се фокусираше на сузбивање на споделувањето лозинки. Последен пат цената на претплатата беше зголемена во јануари 2022 година.

Компанијата, според Волстрит журнал, планира да го чека крајот на штрајкот на холивудските актери, чии договори ќе бараат поголеми трошоци од студијата и стриминг сервисите во иднина.
Штрајкот на сценаристите веќе заврши со нов договор кој вклучува повисоки бонуси и надомест за репризи на серии и филмови.

Извештаи од Дизни, Нетфликс, Ворнер Брос. и Дискавери покажува дека поевтините верзии за претплата кои вклучуваат реклами генерираат повеќе пари по корисник од поскапите верзии кои не го прават тоа, бидејќи имаат голем приход од рекламирање. Почнувајќи од следната година, Amazon Prime ќе им се придружи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП