6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКорисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може ќе плаќаат до 13...

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може ќе плаќаат до 13 евра месечно

Мета размислува за план со кој корисниците на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм во Европската унија ќе мора да плаќаат до 13 евра месечно за верзија без реклами или да се согласат на персонализирани реклами доколку сакаат да продолжат да ја користат бесплатната верзија.

Според овој план, Мета ќе наплатува околу 10 евра месечно за сметки на Фејсбук или Инстаграм на персонални компјутери и уште шест евра за секоја дополнителна поврзана сметка, објави Волстрит џурнал (WSJ), повикувајќи се на информирани извори.

Како што пренесува Ројтерс, корисниците на мобилни телефони месечно би плаќале околу 13 евра за користење на споменатите платформи бидејќи Мета во цената би вклучила и провизии од продавниците за апликации на Apple и Google.

Претходно оваа година, ирската регулаторна агенција DPC ја казни компанијата Мета со 390 милиони евра и заклучи дека калифорниската компанија нема право да испраќа огласи до корисниците во ЕУ врз основа на нивните онлајн активности врз основа на постоечкиот договор.

Мета потоа рече дека ќе побара согласност од корисниците во ЕУ пред да дозволи таканаречено насочено рекламирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП