2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHisense телевизорите освоија две престижни награди за квалитет и иновација

Hisense телевизорите освоија две престижни награди за квалитет и иновација

Hisense телевизорите со Mini-LED панели добија престижна награда од најпрестижното глобално жири за техника.

Hisense телевизорите (моделите 65U8KQ и 65U7KQ) се добитници на престижната награда EISA во категориите Mini LED TV и Best buy Mini LED TV на овогодинешната церемонија на доделување награди што се одржа на почетокот на саемот IFA 2023 во Берлин.

Hisense телевизорите со Mini LED технологија се подеднакво добар избор за љубителите на филмови, гејмерите, љубителите на серии и апликации за бинџување, како и за навивачите. Панелите Hisense U7 и U8 поддржуваат технологии како што се Quantum Dot(подобрување на прикажувањето на боите), брзо освежување на сликата (до 144 Hz), Hi-View Engine процесор за обработка на видео и аудио сигнали, поддршка за HDR, Dolby и IMAX, како и можност за користење апликации на VIDAA Smart платформата. Благодарение на овие и бројни други функции, наградените Hisense телевизори овозможуваат прикажување на сликите какви што корисниците ги очекуваат – живописни и јасни.

Mini LED технологијата со локално затемнување во целиот опсег е наречена од Hisense – револуција на светлината. Ова се должи на фактот што осветленоста оди до 1.500 нити, но и поради природата на самиот панел. Mini LED е дизајниран да биде посветен на прикажување на подлабоки црни и посилни бели делови на сликата, со повеќе детали, за јасно да се нагласи контрастот на содржината. Повеќе од 1.300 зони за затемнување со целосен опсег и прецизна светлина со ниска дифузија ги истакнуваат црните повеќе од кога било досега, правејќи ги овие делови од сликата повпечатливи и без груби транзиции.

Дополнително, алгоритмите за вештачка интелигенцијаовозможуваат автоматско прилагодување и дотерување на сликата во зависност од тоа што моментално се прикажува. Исто така, потрошувачите имаат можност да изберат што и кога сакаат да гледаат користејќи ги најпопуларните стриминг и спортски услуги, а тоа преку голем број популарни апликации, меѓу кои FIFA и UEFA.

Како горд спонзор на квалификациите и натпреварувањето на UEFA Euro 2024 во Германија, Hisense го нагласува и спортскиот режим, поради кој фудбалот, кошарката и сите други спортови на телевизијаизгледаат како да се случуваат во живо, пред публиката.

EISA експерти за Hisense телевизорите 

Некои од причините зошто EISA го награди моделот U7 за 2023/2024 година се: Како влез во серијата на Hisenseтелевизори од 120 херци, 65U7KQ комбинира 4K дисплеј со Mini LED позадинско осветлување и нуди 384 зони за затемнување. Оваа карактеристика, комбинирана со Quantum Dot технологијата за боја, резултира со остра слика, со одличен контраст и живописно нијансирање. Поддржаните формати вклучуваат динамичен Dolby Vision IQ, HDR10+ и HDR10+ Adaptive, додека сензорите за температура на бојата и осветлувањето вршат просторни мерења и прилагодувања на сликата.

Што се однесува до моделот U8, истакнуваме од изјавата на EISA: Поделбата на Mini LED позадинското осветлување во 1.000 зони, со прецизно локално затемнување, дава подобрен контраст, длабока црна и светла бела, надополнети со мноштво бои. За дополнителна оптимизација на сликата, присутни се Dolby Vision IQ, HDR10+ и HDR10+ Adaptive, како и Filmmaker Mode за репродукција на содржина како што сакал режисерот – а кога станува збор за звукот,вградениот 2.1.2 канален аудио систем Dolby Atmos е исто толку живописен. Кога ќе додадете поврзување за гејминг, паметната платформа VIDAA U7 и елегантен, модерен дизајн на 65U8KQ, ќе добиете навистина привлечен телевизор.

За EISA наградите 

Здружението EISA го сочинуваат најценетите технолошки списанија ширум светот, а гласањето за најдобри апаратисе одржа на крајот на јуни, преку неколку онлајн состаноци.

EISA ги доделува најдобрите технологии и медиумски уреди од 1982 година во експертските групи Hi-Fi, аудио за домашно кино, видео и екран за домашно кино и мобилни уреди. Традиционално, доделувањето на наградите се организира на победниците и нивните претставници за време на почетокот на саемот IFA во Берлин, како увертира за сѐ ново што не очекува во секторот за потрошувачка електроника во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП