4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТТрамп: Судијата Енгорон не треба да биде на оваа функција

Трамп: Судијата Енгорон не треба да биде на оваа функција

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска, за време на паузата за време на судењето во Њујорк за наводна бизнис измама, дека судијата Артур Енгорон е „јавен обвинител на радикалната левица“.

„Тој не треба да биде на оваа позиција. Ова е судија за кој некои луѓе велат дека може кривично да биде обвинет за она што го прави“, им рече Трамп на новинарите во судот на Менхетен.

Тој додаде дека Енгорон „го презира сопствениот судски систем“, пренесува Fox News.

„Судијата греши, рече дека Мар-а-Лаго вреди 18 милиони. Вреди најмалку милијарда, можеби 1,5 милијарди долари“, рече Трамп.

Претходно, за време на воведните изјави, обвинителите тврдеа дека Трамп погрешно ја претставил вредноста на својот имот со цел да се збогати и да го измами системот.

„Без разлика колку сте богати или моќни, во оваа земја нема посебни закони за вас“, изјавила државнata обвинителka Летиша Џејмс.

Таа бара Трамп да биде казнет со 250 милиони долари и засекогаш да му биде забрането да работи во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП