3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрви информации за камерите и дизајнот на „Samsung Galaxy S24“

Први информации за камерите и дизајнот на „Samsung Galaxy S24“

Неофицијалните рендери објавени од „SmartPrix“ во соработка со „OnLeaks“ покажуваат модел кој изгледа многу слично на овогодинешниот „Galaxy S23“, вклучувајќи го обликот и недостатокот на испакнатини околу трите леќи на камерата.

Врз основа на овие информации, сите видливи промени ќе бидат минимални. „SmartPrix“ известува дека „Galaxy S24“ е малку повисок и потенок од „S23“, а вкупната големина на екранот наводно е малку поголема – 6,17 инчи наместо 6,1 инчи.

На задната страна на телефонот сè уште се видливи три леќи за камера, за кои „SamMobile“ вели дека се исти резолуции како и „S23“: главна 50MP, ултра широка 12MP и телефото од 10MP со 3x оптички зум.

На профилот на „Twitter“, „Ice Universe“ додава дека екранот на „Galaxy S24“ најверојатно ќе има резолуција од 1080p, со максимална осветленост од 2500 nits. Големината на батеријата треба да биде 4.000 mAh, со максимална брзина на полнење од 25 W.

Измената на спецификациите на водечкиот процесор на Qualcomm за 2024-та година (најверојатно ќе се вика Snapdragon 8 Gen 3) се чини веројатна за американските модели, но „SamMobile“ известува дека „Samsung“ повторно би можел да го опреми телефонот со свој Exynos процесор за глобалниот пазар, пренесува „The Verge“.

Исто така, се сугерира дека „Samsung“ би можел да го претстави „Galaxy S24“ малку порано во годината во споредба со неговите последни два предводници, кои беа откриени на 1-ви февруари 2023-та и 9-ти февруари 2022-ра година. „9to5Google“ неодамна објави дека „Ice Universe“ тврди дека датумот на објавување е 18-ти јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП