3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Credit Suisse“ очекува загуби од над 2 милијарди долари во третиот квартал

„Credit Suisse“ очекува загуби од над 2 милијарди долари во третиот квартал

„Credit Suisse“ очекува да забележи загуба во третиот квартал од околу 1,6 милијарди долари од прекласификација на заемите поврзани со нејзините несуштински и наследени бизниси, објави во петокот банката, сега дел од „UBS“.

Исто така, одлучи да елиминира некои менаџерски аранжмани, што може да донесе дополнителна загуба до 600 милиони долари во третиот квартал од оваа година, додаде банката во финансискиот извештај.

„UBS“ во март се согласи да го купи „Credit Suisse“ за минимална цена од 3 милијарди швајцарски франци (3,3 милијарди долари) и да апсорбира до 5 милијарди франци загуби во спасувачката операција организирана од швајцарските власти.

По преземањето, „UBS“ одлучи кои средства на „Credit Suisse“ ќе ги задржи, а кои ќе бидат ставени во „несуштински и наследен оддел“ кој ќе биде ликвидиран со текот на времето.

Заменик-претседателот на „UBS“, Лукас Гевиле, претходно овој месец изјави дека „Credit Suisse“ може да генерира дополнителни загуби во втората половина од годината.

„Credit Suisse“, исто така, ги зголеми своите резерви за да ги покрие потенцијалните загуби од судски спор до 1,48 милијарди швајцарски франци. Ова е повеќе од 1,367 милијарди франци објавени од банката за половина година на крајот на август.

Таа е вклучена во неколку правни случаи, вклучувајќи ги нејзините зделки со американскиот „Archegos Capital Management“ и заемите доделени на Мозамбик за да ја развие својата рибарска индустрија.

Во финансискиот извештај за првите шест месеци од 2023-та година, „Credit Suisse“, исто така, соопшти дека доживеал нето одлив на средства од 100,3 милијарди швајцарски франци од крајот на 2022-ра година.

Најголем одлив е забележан во нејзиниот бизнис за управување со богатство, каде што се повлечени средства во вредност од 74 милијарди франци, што ги погоди сите региони.

Швајцарскиот домашен бизнис претрпе нето одлив од 14,6 милијарди франци бидејќи довербата во банката пропадна и клиентите во паника ги повлекоа своите средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП