3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје...

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје – Љубљана на Wizz Air

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВсиноќа на Меѓународниот Аеродром Скопје го означи стартот на сообраќање на новата редовна линија СкопјеЉубљана, на Wizz Air.

„ТАВ ја прославува оваа одлична пригода воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинијаимаше голема побарувачкасо оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, аречиси 4 години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници. Воведувањето на оваа нова рута, исто така, ќе им служи и на рекреативните патниции ќе ги зајакне нашите врски со Словенија. Љубљана, со своето богато културно наследство и енергична атмосфера, беше мошне очекувана дестинација за патниците од Скопје. Би сакал да изразам искрена благодарност до WIZZ за нивната одлука да ја додадат оваа рута од нивната база во Скопје, со што ќе се зајакне регионалната поврзаност. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на скопскиот аеродромда обезбедиме беспрекорни аеродромски услуги и да создадеме трајни спомени при нивните патувања – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оваа нова рута, патниците од Скопје сега имаат пристап до шармантниот главен град на Словенија, Љубљана. Позната по својот живописен стар град, богатата историја и енергичната културна сцена, Љубљана брзо стана дестинација која мора да се посети во Европа.

Воодушевени сме што дополнително јапрошируваме мрежата од Скопје со нова конекција до Љубљана. Горди сме што сме лидер на пазарот во Северна Македонија со огромна мрежа од 34 линии до 15 земји, нудејќи над 1.1 милион седишта на продажба за зимската сезона 2023 година, двојно повеќе од минатата година. Фокусирани на континуиран раст, остануваме посветени да им обезбедиме неспоредливо поврзување и искуства од патувањето на нашите патници. Би сакала да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство во градењето на подобра поврзаност за Северна Македонија и многу сум среќна што ги пречекувам првите патници од Скопје до Љубљана на летовите на WIZZ. – изјави Тамара Никифорова, Менаџер за корпоративни комуникации во групацијата Wizz Air.

Првиот лет од скопскиот аеродром до Љубљана полета вчера, среда, 27-ми септември.

WIZZ ќе лета на оваа релација Скопје – Љубљана – Скопје два пати неделно, секоја среда и недела, нудејќи им на патниците удобен распоред што одговара и на деловните и на рекреативните патници. 

Времето на заминување во среда од Меѓународниот Аеродром Скопје е 18:40 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:20 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 20:55 часот сослетување на скопскиот аеродром во 22:30 часот.

Времето на заминување во недела од Меѓународниот аеродром Скопје е 19:00 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:40 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 21:15 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:50 часот.

Авиобилетите се во продажба по цена почнувајќи од само 1.539 денари. За информации за резервации на авиобилети и за да дознаете повеќе за летовите на WIZZ, посетете ја официјалната веб-страница на Wizz Air.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП