23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо еврозоната се помалку се задолжуваат кај банките

Во еврозоната се помалку се задолжуваат кај банките

Банките во еврозоната во август им одобриле заеми на домаќинствата за 1,0 отсто повеќе отколку во истиот месец лани, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Ваков низок раст на кредитите на домаќинствата на годишно ниво последен пат е забележан во август 2015 година, покажуваат податоците на ЕЦБ на веб-страницата на оваа организација.

Вредноста на кредитите на приватниот сектор во август е зголемена за 0,6 отсто, што е најнизок раст на годишно ниво од декември 2015 година.

Европската централна банка (ЕЦБ) на 14 септември ја зголеми референтната каматна стапка десетти пат по ред, на 4,5 отсто, а трошоците за задолжување со тоа станаа највисоки во последните 22 години, пренесоа агенциите.

Претставниците на ЕЦБ ја зголемија референтната каматна стапка за 450 базични поени од јули 2022 година, што е најбрзото темпо на затегнување во нејзината историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП