5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТТрамп прогласен за виновен, измислувал вредност на сопствениот имот

Трамп прогласен за виновен, измислувал вредност на сопствениот имот

Њујоршкиот судија во тужбата поднесена од државниот обвинител Летита Џејмс одлучи дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна компанија ја „надувале“ вредноста на нивниот имот.

Пресудата на судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк во Менхетен ќе и олесни на Лети Џејмс да ја одреди отштетата на судењето закажано за 2 октомври. Исто така, ако Трамп биде прогласен за виновен, тоа ќе му го отежне бизнисот во земјата.

Енгорон, исто така, нареди одземање на лиценците што им дозволуваа на некои од компаниите во сопственост на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата Трамп, да работат во Њујорк. Тој, исто така, нареди да се назначи стечаен управител кој ќе го води процесот на ликвидација на тие компании.

Судијата опиша како Трамп, неговите возрасни синови Доналд Џуниор и Ерик, Организацијата Трамп и другите обвинети фабрикувале проценки и ја надувале нето вредноста на Доналд Трамп за да одговараат на нивните деловни потреби.

Сè е опишано како фикција, наместо реалност. Судијата ги санкционираше и адвокатите на обвинетите за изнесување, како што рече, безвредни правни аргументи.

Трамп и другите обвинети тврдеа дека никогаш не извршиле измама и дека спорните трансакции биле профитабилни, па сега планираат да поднесат жалба на одлуката на Енгорон.

Обвинителката Летита Џејмс го тужеше Доналд Трамп во октомври минатата година, тврдејќи дека лажел за вредноста на својот имот за да добие поповолни услови за банкарски заеми и работењето на неговите компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП