3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Glencore“ продолжува да тргува со руски бакар

„Glencore“ продолжува да тргува со руски бакар

Швајцарската мултинационална компанија за тргување со стоки „Glencore“ испорача илјадници тони руски бакар преку Турција до Италија, што покажува дека пратките преку трети земји ја прикриваат вистинската зависност на Европа од руски стоки.

Трговецот со нафта и метали котиран на Лондон купил најмалку 5.000 тони бакарни лимови од руската рударска и металуршка компанија „Урал“ (UMMC), кои биле извезени од Турција во италијанското пристаниште Ливорно во јули, според царинските документи и фотографиите видени од „Financial Times“.

Иако нема општи санкции за трговијата со руски метали, одредени поединци и компании се под ембарго. Велика Британија и Европската унија минатата година воведоа санкции за директорите на „UMMC“, но не и на самата компанија.

САД ги проширија санкциите кон „UMMC“ во јули оваа година, откако последните тргувања на „Glencore“ со вториот по големина руски производител на бакар веќе беа во тек. Нема сугестии дека „Glencore“ ги прекршил санкциите, но податоците од царината ја нагласуваат зависноста на Европа од Русија за критични стоки, како и растечката улога на Турција како посредник.

„Glencore“ ја продаде стоката на „Halvidor Energy“ со седиште во ОАЕ, која е основана во 2019-та година. Бакарот бил наменет за италијанската фабрика „Carlo Colombo“ од Ломбардија, која произведува материјал за кабли, трансформатори и електроника. Трговците велат дека Турција е почетна точка за трговија со руски цинк и бакар, како и со алуминиум.

„Glencore“ рече дека трансакцијата е „последниот дел“ од договорот што беше во сила пред војната во Украина и дека не преземала никаков нов бизнис со „UMMC“ од избивањето на војната. „Glencore“ наведува дека во согласност со сопствената политика воведена во март 2022-ра година, не се занимава со нов руски бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП