2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Братислава произведени 250.000 Up! возила

Во Братислава произведени 250.000 Up! возила

up

„Volkswagen“ во официјално соопштение објави дека во Братислава биле произведени 250.000 единици од моделот „VW Up!“. Станува збор за досега најмалиот модел на „VW“, чие производство трае две години и кој забележа голема популарност на пазарот.

Во оваа фабрика во Братислава се произведуваат и моделите „Škoda Citigo“ и „Seat Mii“, заедно со другите модели на групацијата меѓу кои се и „VW Touareg“, „Audi Q7“ и „Porsche Cayenne“.

Во фабриката во главниот град на Словачка наскоро ќе почне и производството на моделот „e-Up!“, верзијата на популарното мало возило на електричен погон, кој за прв пат беше претставен на саемот во Франкфурт.

Верзијата на електричен погон ќе ја одликува електромотор со 82ks и 210Nm, што на овој модел ќе му овозможи забрзувањето од 0 дo 100km/h да го постигне за 14 секунди и да развие максимална брзина од 135km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП