28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple започна со продажба на iPhone-и произведени во Индија

Apple започна со продажба на iPhone-и произведени во Индија

Американскиот технолошки гигант Apple за прв пат почна да ги продава своите iPhone-и произведени во индиски фабрики, беше соопштено на презентацијата на новиот модел на смартфонот во Њу Делхи.

Одреден број модели на iPhone 15 и iPhone 15 Plus од индиско производство се во продажба од петокот во неколку земји, вклучително и самата Индија, потврдија за ДПА извори од компанијата.

Повеќето производи на Apple се уште се произведуваат во Кина. Сепак, според неодамнешните извештаи, со оглед на геополитичките тензии, Apple сака да вклучи и други земји во своите синџири на снабдување, со фокус на Индија и Виетнам.

Пошироката дистрибуција на производството е поврзана и со војната на Русија против Украина и пандемијата „Ковид-19“, бидејќи овие настани ја открија големата зависност на синџирите на снабдување од меѓународните околности.

Индија, која обезбедува владини стимулации за производство на паметни телефони, со своите 1,4 милијарди жители е атрактивен пазар во развој. Релативно скапите iPhone сè уште заземаат мал дел од продажбата на паметни телефони во таа земја.

Оваа година Apple за прв пат ги отвори своите официјални продавници во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП