4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПензиските друштва подготвуваат силен финиш на третото продолжение на кампањата „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

Пензиските друштва подготвуваат силен финиш на третото продолжение на кампањата „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

По неодамнешната најава на социјалните мрежи, Триглав пензиско друштво ад Скопје, Сава пензиско друштво ад Скопје и КБ Прво пензиско друштво ад Скопје денес објавија отворен повик до младите за учество на нивниот „еко-тон“, хакатон на кој бараат одржливи решенија.

На натпреварот може да се пријават тимови од максимум 5 членови, на возраст од најмалку 15 години. Од сите пријавени тимови жири комисијата ќе избере 8 коишто на 18 октомври ќе се натпреваруваат за парични награди, но ќе добијат и можност за претставување на своите проекти пред бизнис и „зелената“ заедница.

Пријавите се веќе отворени на веб страницата penzija.mk/hakaton каде што се објавени и сите детали и правила за учество. Пред затворањето на пријавите, сите заинтересирани ќе имаат можност да слушнат повеќе за очекувањата на натпреварот на отворените онлајн сесии за прашања и одговори со членовите на жири комисијата, преку линкови за вклучување кои ќе бидат објавени на социјалните мрежи.

Натпреварот е организиран во рамки на кампањата „Засади желба за одржлива иднина“, трета во низата едукативни и информативни кампањи за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд под името „Засади желба“.

„Веќе речиси 10 години наназад рганизираме кампањи за информирање на населението за она што во еден момент во животот станува неизбежна тема за размислување, а тоа е финансиската сигурност во пензионерските денови.

Засади желба за одржлива иднина е трето продолжение од кампањата со којашто покрај едукативните, вклучивме повеќе општествено-одговорни активности со кои сакаме преку симболичен, практичен пример да им прикажеме на младите генерации дека секоја мала денешна постапка е голем чекор поблизу до градење поубава иднина на долг рок.

Со овие активности исто така се стремиме кон мотивирање на младите да станат активни учесници во грижата за животната средина. Она што го видовме во изминатите 3 години е дека младите го разбираат и прифаќаат ваквиот начин на едукација, а што е уште поважно – имаат прекрасни креативни идеи за негување на животната средина.

Токму затоа, одлучивме овој пат да им дадеме шанса токму тие да учествуваат во креирањето на насоката во којашто треба да дејствуваме сите ние ако сакаме да обезбедиме поубава, одржлива иднина за секој од нас поединечно, но и за целата заедница.

Ги охрабруваме сите млади луѓе коишто имаат одржлива идеја да се пријават на нашиот натпревар, бидејќи ќе имаат можност да научат многу во процесот на создавање на проектите и од жири комисијата и од менторите од стартап и „зелената“ заедница.

За трите првопласирани тимови обезбедивме награден фонд како признание за вложениот труд и поттик да продолжат да размислуваат и да се борат за поубава иднина. Нашиот главен фокус едукацијата и токму тоа сакаме да го обезбедиме низ целиот процес на овој предизвик во којшто сме сигурни дека сите ние ќе уживаме“ – објаснуваат претставниците на пензиските друштва.

Овој натпревар ќе го одбележи крајот на кампањата “Засади желба за одржлива иднина“, по засадените Пензиски паркови во средните училишта „Никола Карев“ во Скопје и „Коле Неделковски“ во Велес, герила активностите низ Скопје, како и едукативните активности на социјалните мрежи и веб страницата penzija.mk.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП