28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните...

„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните компании

Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“.

Целта на Проектот е преку специјализирани обуки кои ќе бидат дизајнирани согласно претходно идентификуваните потреби, да им се овозможи на домашните мали и средни компании пристап до нови знаења, вештини и различен вид експертиза кои ќе им помагаат да го зголемат нивниот потенцијал за раст и одржлив развој.

Со учеството во овој проект „Тиквеш“ одново покажува дека е компанија која се залага за зголемување на капацитетите и квалитетот на работењето на приватниот сектор како главен двигател на економскиот развој на земјата.

„Највредните и најефективните инвестиции за развојот на компаниите се континуираните вложувања во ново знаење на вработените на сите нивоа, во постојано унапредување на нивните вештини, како и во технолошки иновации и дигитализација, следејќи ги глобалните трендови и стандарди за одржливост, добро управување и заштита на животната средина (ESG). Истовремено, свесни за своето значење и својата општествено одговорна улога, спремни сме да го споделуваме нашето знаење со кооперантите и со останатите компании. Единствено со заедничкото делување можеме да го пребродиме непознатото“, истакна претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ Светозар Јаневски, во рамки на панел-дискусијата со која е официјализиран почетокот на реализацијата на проектот.

„Тиквеш“ е исклучително посветен на развојот на кадри и нивно постојано стручно усовршување. За таа цел, компанијата континуирано спроведува различен вид обуки и тренинзи, кои покрај за вработените и менаџерите во компанијата, се достапни и за соработниците, деловните партнери и останатите компании во земјата.

На полето на едукацијата, „Тиквеш“ ја формираше школата „Вински едукатор“ која работи согласно програмата и акредитацијата од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (WSET) и која нуди обуки според највисоки светски стандарди. Дополнително, компанијата воспостави соработка и ги донесе во нашата земја најпознатите светски експерти во областа на винската индустрија, а од неодамна започна соработка и со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – Перлеуве од Италија, предводена од Џовани Бигот – водечки светски истражувач и промотор на иновации во лозарството. Нивното знаење, како и знаењето на уште голем број други домашни и странски експерти кои во изминатите години соработувале и биле ангажирани од „Тиквеш“, е ставено на располагање на сите партнери, меѓу кои и на лозарите, како и на останатите компании во агро-индустријата. На овој начин „Тиквеш“ дава значаен придонес лозарството и винската индустрија да бидат во чекор со светските трендови и да се подигне целокупното ниво на конкурентност на овие важни сектори за македонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП