2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКадиров: Жив сум и здрав, барем сега знам кој ја сака мојата...

Кадиров: Жив сум и здрав, барем сега знам кој ја сака мојата смрт (ВИДЕО)

Во последните денови на социјалните мрежи се појави информација дека Рамзан Кадиров е во кома или дури починал во главната клиничка болница во Москва.

Умар Даудов, помошник на чеченскиот лидер, се обиде да ги задуши шпекулациите објавувајќи видео од Кадиров како шета со своето семејство.

Меѓутоа, портпаролот на украинската разузнавачка служба, Андриј Јусов, во петокот изјави дека Кадиров е во кома откако му се влошила здравствената состојба.

„Можеме да потврдиме дека тој имаше уште едно сериозно влошување и беше во критична состојба во последните неколку дена“, рече тогаш тој.

Два дена подоцна, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ нема информации за можна болест на лидерот на Чеченската Република.

Тој, исто така, ги негираше информациите дека Кадиров наводно се сретнал со Владимир Путин за „да се збогува со лидерот“.

Потоа зборуваше лидерот Рамзан Кадиров. Тој на каналот Телеграм објави дека неговиот вујко Магомед Каримов се лекува во клиничката болница во Москва. Тој тврди дека за време на службеното патување во руската престолнина го посетил својот вујко, за кој тврди дека моментално закрепнува во болница и треба да закрепне во следните неколку недели.

„Пријатели, овие денови нашето семејство беше многу загрижено за нашиот драг вујко Магомед Абдулкамидович Кадиров. Слава на Семоќниот, тој веќе закрепнува. За време на службеното патување во Москва, ја посетив клиничката болница, каде го најдов во добро расположен“, напиша Кадиров на Телеграм.

„Дури и во болнички кревет се однесува добро и не пропушта прилика да им командува на членовите на нашето големо семејство. Го развеселив мојот драг вујко, му посакав брзо закрепнување и му ги пренесов охрабрувачките зборови на мојата мила мајка. Лекарите на клиниката се вистински професионалци со големо П. Благодарение на нив, нашиот драг вујко ќе закрепне за неколку недели, со дозвола на Алах“, додаде тој.

„Ќе ги коментирам и гласините за моето здравје. Слава на Семоќниот, жив сум и здрав и воопшто не ми е јасно зошто се крена врева околу мојата болест. Иако има своја предност – сега публиката знае кои медиуми и кои личности отворено ги лажат своите читатели“, заклучи тој.

Ова не е прв пат Кадиров да биде прогласен за тешко болен. И пролетта оваа година се проширија гласини дека има сериозно заболување на бубрезите, дека тајно оди во Емиратите кај познат нефролог.

И тогаш Кадиров ги демантираше тие приказни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП