2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ВО КЛИНЧ СО УКРАИНА: Откако Зеленски го повика дека Варшава...

ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ВО КЛИНЧ СО УКРАИНА: Откако Зеленски го повика дека Варшава не е солидарна, тој се заканува со пошироко ембарго за увоз на храна

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска и се закани на Украина дека ако конфликтот околу ембаргото за увоз на украинско жито, кое Полска го воведе еднострано со кршење на регулативите на ЕУ, продолжи да ескалира, неговата влада ќе го прошири ембаргото и на други земјоделски производи.

– Ги предупредувам украинските власти, доколку продолжат да го ескалираат конфликтот, тогаш еден по еден ќе додаваме и други земјоделски производи на листата за забрана на увоз – рече Моравјецки.

Исто како и претседателот Анджеј Дуда синоќа, така и полскиот премиер им се закани на властите во Киев поради изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека некои членки на Европската унија се преправаат дека се солидарни со Украина, а со житото прават ужас.

-Вознемирувачки е што некои наши пријатели во Европа играат во политичкиот театар на солидарноста и снимаат хорор филм со житарки. Можеби изгледа како да ја играат својата улога, но всушност само помагаат да се напише сценариото со рускиот актер – рече Зеленски на седницата на Генералното собрание на ОН.

Иако Полска не беше именувана, ниту некоја од неколкуте членки на Европската унија кои еднострано го продолжија ембаргото за увоз на украински житарки по 15 септември, полскиот претседател Дуда, реагирајќи на зборовите на Зеленски, ја спореди Украина со давеник кој може да го повлече до дното и тој што се обидува да го спаси.

Полска, како и Словачка и Унгарија, побараа од Европската комисија да го продолжи ембаргото за увоз на украинско жито на неколку соседи на Украина дури и по 15 септември, така што евтиното жито што го увезуваат и продаваат полските и другите купувачи со високи профити нема да го дестабилизираат.

ЕК одби да го стори тоа, па Полска, Словачка и Унгарија еднострано го продолжија ембаргото, иако според поделбата на надлежностите меѓу Брисел и земјите-членки немаат право на тоа.

Поради ова, Украина ги тужеше Полска, Унгарија и Словачка во Светската трговска организација (СТО), а од Киев дојдоа најави дека следниот чекор може да биде ембарго на увоз на полско овошје и зеленчук, што е приближно пет проценти од полскиот извоз од овие производи во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП