14 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLenovo IdeaPad B6000 и B8000

Lenovo IdeaPad B6000 и B8000

lenovv

За европскиот пазар „Lenovo“ ги претстави таблетите „IdeaPad“ B6000 и B8000. Двата модели доаѓаат со оперативниот систем „Android“, а се разликуваат во големината на екранот и батеријата. Овие уреди имаат интересно куќиште со вградена сталка која овозможува на рамна подлога да се постави таблетот во исправена положба.

Помалиот модел, со ознака „IdeaPad B6000“, има дијагонала на екран од осум инчи и резолуција од 1.280 x 800 пиксели. Вградената камера е со резолуција од пет мегапиксели, еден гигабајт работна меморија и 16 GB простор за складирање информации. Овој уред има процесор од 1.2 гигахерци од „MediaTek MT8125“, вградена батерија од 6.000 mAh, a таблетот се испорачува со „Android 4.2 Jelly Bean“. Цената на таблетот во германските онлајн продавници изнесува 215 евра.

lenovvv

Поголемиот модел е со ознаката „IdeaPad B8000“ и има 10 инчен екран, а поголемиот дел од спецификациите ги дели со помалиот модел. Овој таблет има помоќна батерија од 9.000 mAh, a неговата цена во Германија изнесува 280 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП