2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТФранцуско-германски експерти презентираа предлог за сеопфатна структурна реформа на Европската унија

Француско-германски експерти презентираа предлог за сеопфатна структурна реформа на Европската унија

Француско-германски експерти претставија предлог за сеопфатна структурна реформа на Европската унија, во четири концентрични кругови, во време кога расте притисокот за прием на нови членки до крајот на деценијата, пишува порталот Политико.

Според предлогот, ќе има внатрешен круг, ЕУ, придружните членки и Европската политичка заедница, лабава заедница на европски лидери кои се состануваат двапати годишно.

Министрите на ЕУ ќе разговараат за документот во среда, како подготовка на теренот за претстојниот лидерски самит во октомври, на кој ќе се разговара и за прашањето за проширувањето.

Јасно е дека проширувањето и реформите на ЕУ одат рака под рака и сега мора да почнеме со реформите, изјави германската министерка за европски прашања, Ана Лурман.

Предлогот го дала група од 12 експерти кои предлагаат радикални реформи на структурата на ЕУ, вклучително и помал број европски комесари и членови на Европскиот парламент, како и укинување на правото на вето.

Текстот, исто така, дава опции за управување со поголема ЕУ, вклучително и поголем буџет, поврзување на плаќањата со построги правила и воведување мнозинско гласање наместо сегашниот систем кој бара едногласност во Европскиот совет.

Во потег што може да се покаже контроверзен за Франција и Германија, експертите исто така сугерираат поголема тежина на гласовите во Советот да се прераспредели на помалку земји во ЕУ за да се балансира губењето на националното вето, според Политико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП