Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, извести дека целосно е изгаснат пожарот над Катланово.
– Со подршка на два ер трактори на ДЗС и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, изјави Ангелов.

