28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСимптом на опасна болест се појавува додека сме во тоалет: Еве како...

Симптом на опасна болест се појавува додека сме во тоалет: Еве како да ја препознаете и кој е најзагрозен

Во повеќето случаи, овој симптом се јавува кога ракот веќе се проширил или метастазирал.

Ракот на желудникот може да се појави во кој било дел од нашиот стомак, а симптомите можат да бидат многу суптилни. Според клиниката Мајо, ракот на желудникот е петти најчест рак во светот и често останува недијагностициран со години бидејќи луѓето ги игнорираат раните знаци.

Како што предупредуваат лекарите, еден од симптомите што може да укажуваат на рак на желудникот се јавува додека сме во тоалет, а тоа е крв во столицата.

Во повеќето случаи, овој симптом се јавува кога ракот веќе се проширил или метастазирал. Други симптоми на рак на желудникот вклучуваат чувство на тежина или ситост после оброк, гадење, повраќање, губење на апетит, болка во горниот дел на стомакот, проблеми со голтање, надуеност и замор.

Кога станува збор за причините за рак на желудникот, лекарите нагласуваат дека главна улога во тоа имаат изложеноста на бактерии, неправилната исхрана, пушењето, семејната историја и анемијата. Покрај тоа, студиите покажуваат дека ракот на желудникот се јавува малку почесто кај мажите отколку кај жените, најмногу по 50-тата година од животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП