1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРЕВОЛУЦИЈА НА ТЕРЕНЕЦОТ НА TESLA: Илон Маск најави специјална облога за новиот...

РЕВОЛУЦИЈА НА ТЕРЕНЕЦОТ НА TESLA: Илон Маск најави специјална облога за новиот Cybertruck

Новиот SUV на Tesla наречен Cybertruck привлече огромно внимание од неговото лансирање, како по дизајнот, така и по технологијата, а најавено е дека ова „вселенско возило“ ќе почне да се доставува до клиентите во октомври оваа година.

Од електричниот пикап се очекува многу, а извршниот директор на Tesla, Илон Маск, неодамна најави нова опција на социјалната мрежа X.

Зборувајќи за силата на каросеријата од нерѓосувачки челик, еден обожавател на Tesla се пошегува на X дека луѓето кои ќе се обидат да го изгребат Cybertruck со своите клучеви ќе си ги уништат клучевите.

Илон Маск одговори, велејќи дека размислува да понуди облога од волфрам карбид, која треба да биде отпорна на гребење за речиси сите материјали освен дијамантот.

Интересно, бидејќи телото од нерѓосувачки челик е исто така отпорно на гребење. Облогата од волфрам карбид е цврста, но отпорна само на гребење.

Ако ја свиткате плочата со таа обвивка, таа ќе пукне, па останува да видиме како Тесла ќе го реши тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП