3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа Corvette се чека и по шест месеци

За Corvette се чека и по шест месеци

corvet

Иако за новата „Chevrolet Corvette“ во САД се чека и до шест месеци, во „Chevrolet“ нема да го зголемат планираното производство кое изнесува 160 автомобили на ден.

Почетокот на продажбата на седмата генерација на моделот „Corvette“ го стави овој производител на слатки маки, со оглед дека побарувачката за овој автомобил значително ги надмина моменталните производни капацитети. Во таква ситуација многу компании ја разгледуваат можноста да го прошират капацитетот со воведување на дополнителни смени или со производство во други погони.

„Chevrolet“ нема да се одлучи ниту за една од овие опции. Како што изјави главниот инженер на моделот „Corvette Stingray“, Tаџ Јухтер, единствената фабрика во која се изработува овој американски спортски модел ќе го задржи производството од 160 единици на ден.

„Веќе имаме видено слични ситуации. Новиот модел се појавува на пазарот и побарувачката за него почнува вртоглаво да расте, а потоа одеднаш почнува да опаѓа“, вели Јухтер.

„Моменталните податоци се недоволни за да биде рентабилно воведувањето на уште една смена во фабриката“, објаснува тој.

Очигледно дека во „General Motors“, кој е сопственик на „Chevrolet“, не сакаат да дојдат во ситуација во лагерот да им се најде голем број на непродадени автомобили за кои во меѓувреме е опадната побарувачката. Од друга страна, ваквиот став ги доведува во опасност од тоа некои од помалку трпеливите купувачи да се предомислат при купувањето, затоа што се соочени со долг период на чекање за испорака на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП