4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден: Ќе се кандидирам оти Трамп ќе ја уништи демократијата

Бајден: Ќе се кандидирам оти Трамп ќе ја уништи демократијата

Џо Бајден – најстариот американски претседател во историјата на земјата, вчера изјави дека го разбира фокусот на неговата возраст, но дека се кандидирал за реизбор бидејќи Доналд Трамп сака да ја „уништи“ американската демократија.

80-годишникот обично избегнува такви прашања, но сега говореше за неговата возраст во Њујорк, коментирајќи дека неговото искуство му помогнало да се справи со кризи како Украина и Ковид.

Се чини дека многу луѓе се фокусирани на мојата возраст, рече Бајден. „Разбирам, верувајте ми, го разбирам тоа повеќе од било кој“.

Потоа додаде: „Се кандидирам затоа што демократијата е загрозена, бидејќи во 2024 година демократијата повторно е на гласање. И нема сомнеж: Доналд Трамп и неговите републиканци се решени да ја уништат американската демократија“.

Бајден додаде дека нема да им се поклони на диктаторите.

Анкетите покажуваат дека американските гласачи се загрижени за возраста на Бајден пред веројатниот реванш следната година против Трамп, кого го порази во 2020 година.

Трамп во интервју емитувано во неделата рече дека Бајден не е премногу стар, но дека е неспособен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП