3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТХакери го срушија Лас Вегас, бараат милиони

Хакери го срушија Лас Вегас, бараат милиони

Лас Вегас се уште е под хакерски напад, тешко е да се резервираат соби, да се плаќа, а наводно не работат сите уреди во казината.

Во четвртокот, нападот беше пријавен од угостителскиот гигант Caesars Entertainment, кој потврди дека хакери ги украле броевите за социјално осигурување и броевите на возачките дозволи на значителен број корисници на програмата за лојалност, пренесува CNN.

Оваа информација беше откриена бидејќи уште еден голем бренд, MGM Resorts, се опоравува од сопствениот сајбер напад што се случи во понеделникот. Нападот бил откриен кога гостите пријавиле дека не можат да платат за услуги или да користат дигитални клучеви за да влезат во собата, а на социјалните мрежи се прошири информација дека дури и уредите во казиното не работат.

Две хакирања ја ставија компјутерската одбрана на неколку милијарда долари вредни казина и хотели во Лас Вегас во центарот на вниманието како главни цели за изнуда.

Caesars Entertainment, кој поседува познати казино хотели како што е Цезар Палас, потврди на 7 септември дека хакери украле копија од нивната база на податоци за програмата за лојалност на клиентите. Во извештајот доставен до Комисијата за хартии од вредност, се наведува дека компјутерските системи биле хакирани со напад на ИТ поддршката.

-Презедовме чекори за да се осигураме дека неовластениот актер ги избришал украдените податоци, иако не можеме да гарантираме дека тие се украдени, соопшти Caesars Entertainment.

Компанијата не одговори на прашањата на CNN за тоа какви чекори се преземени и дали тие вклучуваат плаќање откуп.

-Продолжуваме вредно да работиме за да ги решиме проблемите со сајбер-безбедноста, а истовремено да се осврнеме на потребите на индивидуалните гости, се вели во соопштението на МГМ Ресортс објавено во четвртокот наутро.

Тие тврдат дека во понеделникот, кога се појавила веста за инцидентот, исклучиле одредени компјутерски системи за да ги заштитат податоците.

Додека пробивањето на базата на податоци затвори некои катови на казина оваа недела, на интернет се појави хакерска група која ја презема одговорноста за нападот врз системите на Caesars Entertainment и вели дека бара од компанијата да плати откуп од 30 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП