2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе го ажурира софтверот на iPhone 12 во Франција за да...

Apple ќе го ажурира софтверот на iPhone 12 во Франција за да ги реши проблемите со зрачењето

Apple најави дека ќе издаде ажурирање на софтверот за корисниците на iPhone 12 во Франција, откако регулаторните власти во земјата наредија суспензија на продажбата на моделот на телефонот. Причината е загриженоста дека уредот ги надминува строгите европски граници на изложеност на радијација.

Apple рече: „Ќе издадеме софтверско ажурирање за корисниците во Франција за да се прилагодат на протоколот што го користат француските регулатори. Со нетрпение очекуваме да продолжи достапноста на iPhone 12 во Франција“.

На почетокот на оваа недела, францускиот регулатор ANFR (Agence nationale des fréquences) нареди забрана за продажба на моделите на iPhone 12 по тестирањето на уредот. Откриено е дека неговата специфична стапка на апсорпција (SAR) – мерка за тоа колку радио фреквенција се апсорбира во телото од уредот – ги надминува европските граници на изложеност на радијација. Покрај тоа, Белгија соопшти дека ќе ги разгледа француските наоди, додека Германија, Италија и други земји рекоа дека ќе ја следат ситуацијата.

Ова е значајно бидејќи iPhone 12 првпат беше објавен кон крајот на 2020 година. Сепак, ANFR неодамна спроведе тестови на повеќе од 140 телефони за да обезбеди усогласеност со стандардите за изложеност на радијација.

Apple ги отфрли тврдењата и изјави дека „ова е поврзано со специфичен протокол за тестирање што го користат француските регулатори, а не безбедносно прашање на iPhone 12 како такво“. Жан-Ноел Баро, францускиот министер за дигитални прашања, изјави за Ројтерс дека „АНФР подготвува брз тест за ова решение“.

Оваа ситуација стана уште поинтересна затоа што истиот ден кога се загрижени за радијацијата на iPhone 12 и забраната за продажба во Франција, Apple ги објави своите нови модели iPhone 15 и iPhone 15 Pro кои ќе бидат претставени на 22 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП