Македонски Телеком доби награда за својата посветеност во сферата на општествената одговорност за иницијативата „Заедно за интернет без омраза“. Наградената иницијатива е дел од партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ чијашто цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација – говорот на омраза на интернет. Престижната награда ја доделија Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) и Конект во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
„Горди сме на ова признание коешто ја потврдува нашата посветеност на еднакво и етичко дигитално општество. Како овозможувачи на дигиталниот свет, ние имаме обврска да бидеме дел од борбата против омразата на интернет, но и да ги поттикнеме и вклучиме младите, да им дадеме глас. Тоа е нашата стратегија и причината поради која ја почнавме оваа иницијатива заедно со нашите партнери УНИЦЕФ. Верувам дека допревме и инспиравме многу млади луѓе.“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

