27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDodge Viper помоќен од Bugatti Veyron!

Dodge Viper помоќен од Bugatti Veyron!

viper ks

Американската тјунинг куќа „RSI“, која е специјализирана за работа на „Dodge Viper“,  ја претстави својата најнова креација, помоќна од „Bugatti Veyron“, a притоа и полесна од францускиот суперавтомобил.

Моделот е заснован на верзијата „ACR“ (American Club Racing ), прв пат претставена во 1999-та година. Разликата во однос на стандардниот „Viper“ е во суспензијата и одредени подесувања на моторот, додека моќта (600 KS) и вртежниот момент (762 Nm) останаа непроменети.

viper ks1

Тежината е намалена за 22 килограми со отстранување на непотребните елементи од ентериерот, додека најекстремна трансформација доживеа 8.4-литарскиот V10 агрегат, кој благодарејќи на новите турбо компресори сега произведуваат 1000 KS на обично и 1300 KS на тркачко гориво.

Со сигурност е неверојатно чувството да се вози автомобил кој е помоќен од моделот „Veyron Super Sport“ и притоа полесен, а чија моќ се распределува на задните тркала.

viper ks2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП