4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНА БАЈДЕН МУ СЕ ЗАКАНУВА СО ИМПИЧМЕНТ: Претставничкиот дом отвора истрага за...

НА БАЈДЕН МУ СЕ ЗАКАНУВА СО ИМПИЧМЕНТ: Претставничкиот дом отвора истрага за американскиот претседател!

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе отвори истрага за импичмент на претседателот, Џо Бајден, изјави републиканецот Кевин Мекарти, пренесува Би-Би-Си.

Мекарти, кој е републиканец, додаде дека истрагата покажала дека Џо Бајден ги лажел Американците дека не знаел ништо за работите на членовите на неговото семејство.

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти објави дека започнува истрага за импичмент на Џо Бајден, обвинувајќи го претседателот и неговиот син Хантер Бајден за корупција.

– Републиканците во Домот открија сериозни и веродостојни тврдења за однесувањето на американскиот претседател Џо Бајден. Заедно, овие обвинувања укажуваат на корупција – рече Мекарти, говорејќи во Капитол.

– Станува збор за обвинувања за злоупотреба на положбата, опструкција и корупција. И бараат дополнителна истрага од Претставничкиот дом. Затоа денеска поднесувам барање до нашата комисија на Претставничкиот дом да отвори официјална истрага за импичментот на претседателот Џо Бајден – рече тој.

Тој додаде дека следниот чекор ќе им даде целосна моќ на комитетите да ги соберат сите факти и одговори за американската јавност.

– Токму на тоа сакаме да ги знаеме одговорите – изјави Кевин Мекарти.

Истрагата е првиот чекор во процесот на импичмент. Тоа е процес на собирање докази за обвиненијата за импичмент против функционери, пишува Дејли мејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП