Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека, како што рече, „политичкиот“ прогон на поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека американскиот политички систем е „гнил“.
„Што се однесува до прогонот на Трамп, за нас она што се случува, во денешни услови, според мене е добро, бидејќи ја покажува гнилоста на американскиот политички систем, кој не може да се преправа дека ги учи другите на демократија. Сè што се случува со Трамп е прогон од политички причини на нечиј политички ривал“, рече тој во Владивосток на пленарната седница на Источниот економски форум.

